We've updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Ц​р​н​и​л​о

by В Е Л (Veil)

supported by
/
  • Streaming + Download

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality download in MP3, FLAC and more.
    Purchasable with gift card

      €7 EUR  or more

     

1.
АНГЕЛИДЕМОНИ Умен тунел е мракта, непремин студен во нас. Семоќ и стоум, стена и прост ум, и што сум? Ах, гинам од гени ко инат во жени, штом мине мед и мај. Дни темнини в вијуги ѕид невиделини сени. След сите демони и сите ангели. Ах, венам од вини ко маж и извини, штом грешни мисли лај. пред пакост се косам во пости се носам ко сјај.
2.
Вини 03:53
ВИНИ Се зареков пак за последен пат, велам, не било, не сега ме создава. На веј од тој страв в венец од прав, делам, месо до мисла да оставам. Да одмине мрак, да пoтоне зрак, берам, сѐ што е не и да во заборав. Ќе почнам ли сам, матаму да нема, ко за првпат сам себе да исчезнам.
3.
Колк 04:44
КОЛК Одоми! Од дамни лаги до далги длабок мир. Дотони! Време, мев гневен, по вени невиклив. Замри жив, спомен искриви си сред пат и осами. Мисло молк! Ќе скршеш колк што крепи кревко минато. Ќе скршеш колк што крепи тешко минато.
4.
Војна 03:45
ВОЈНА Сѐ мислам утрее зора, не дека кутар ко војник јас, а слуга на војна и мора, кријам ко срамот во нас. Ко ноќта црнам по сѐ мој здив ко диви вини да никнале раб, и заби дробат во бој! Буден нѐ будат од нас. Стравови силат, стравови силат, стравови силат во бој!
5.
ПАРАЗИТ И ти што тело трошиш, што болен полен молчиш, под велот. По плеќи тлеен пепел, пред полет род да корне, под велот. И ти што души ситнеш штом памет в плевел никне, под велот. На исти ’рбет тежиш ко сидро в грдо семе, под велот. Под велот – бело.
6.
Бот 05:44
БОТ Низ суви грла и судни усти ни ситат страв и судбини. Бесслушни уши, бескрилни души, нов ред на робо-роботи. Пред едри врати, спреги и пралик на прав и празен робовид. Пробод од олови, вина од отрови, ограден град на робобит. Добар ни дојде, ти боту боден, до бес и бессонување. добро ве гроби в оков од болни безволни, слободни.
7.
Нем 04:14
НЕМ Каде да те немам, Нема смртна милост ти? Извор бистра сило, Како да те земам? Каде да те немам, Кај, крај сиот самосит, Кај, крај сите сомнежи, Како да те земам? Слушни го својот глас, Слушни го својот глас, Чува тој за нас.
8.
Јама 04:13
ЈАМА Завез од ветва ветувана крв, вир, за мудрите узди. Кафез ко нокти од утроба, јама на пустите усти. Тих стих се кине од причина греби по рамки на умот. „Дреми в искината вистина бледи што тлее во шумот“. Завез од ветва ветувана крв, вир, за мудрите узди.
9.
Не 04:13
НЕ Лисје луди денови од краден копнеж режат на врат ко зборови, остри од молкот што врие . Лути трули подови од надмен сомнеж мрзнат ко камен образи, жарни што велот ги крие. блудни бледи сонови под облак друг се бдеени, со ѕвона в мугри немени. Во круг од молк и вел над срамот од сам, на своето не и вашето знам, во глад од вина да екне . Не!
10.
НЕЗАЛЕЗНА Блажeн мyж иже не иде на совет нечестивих и на пути грешних неста... Каква е оваа претстава? Скриенa зад кулиси, игрa на луѓе бесловесни, гледаат, но, не зеркаат, Дух во себе немаат. Слушам труби од Ерихон, глас се крева в небеса, ќе падне таа тврдина, со тешка дума, пагубна. Нови луѓе достојно, песна ќе славословат, без страв, во слобода, молитва ќе принесат. Еј, Светлино незалезна, Еј, допри ме со светлина, Еј, Светлино незалезна, Еј... Блажeн мyж иже не иде на совет нечестивих и на пути грешних неста... Каква е оваа претстава?

credits

released July 21, 2021

license

all rights reserved

tags

about

В Е Л (Veil) Bitola, North Macedonia

contact / help

Contact В Е Л (Veil)

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like В Е Л (Veil), you may also like: